Дома Фудбал Валверде: Никој од соиграчите не ме удри. Случајно удрив во маса

Валверде: Никој од соиграчите не ме удри. Случајно удрив во маса

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, излезе со соопштение во кое ја објаснува ситуацијата на тренингот со соиграчот Орелиен Чуамени. Уругвајскиот играч ја претстави својата верзија на настаните, инсистирајќи дека никој никого не удрил. Ова е спротивно на извештаите на шпанските медиуми, кои наведуваа дека Чуамени го удрил Валверде, а Реал дури објави дека Валверде претрпел “травматска повреда на мозокот”.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


“Вчера на тренингот се случи ситуација со еден од соиграчите. Поради замор од натпреварите и наталожените фрустрации, сè изгледаше поголемо отколку што беше”, започна Валверде. “Во нормална соблекувална, ваквите работи се случуваат и обично се решаваат внатрешно, без изнесување во јавноста. Јасно е дека некој шири гласини, а во сезона без трофеи, кога Реал Мадрид е постојано под притисок, сето тоа се преувеличува.”

“Денес повторно имавме малo недоразбирање. За време на дискусијата, случајно удрив во маса, што доведе до мала посекотина на челото поради која морав во болница на рутинска контрола”, објасни Валверде, нагласувајќи дека не дошло до физичка пресметка. “Соиграчот никогаш не ме удри, и јас него исто така не го удрив.”

Жалење за ситуацијата

“Чувствувам дека бесот и фрустрацијата за целата ситуација, што ги гледам како некои од нас се борат да ја завршат сезоната давајќи сè од себе, ме поттикнаа на расправија со соиграчот. Жал ми е. Навистина ми е жал, бидејќи оваа ситуација ме повредува, а болен е и моментот низ кој поминуваме.”

“Реал Мадрид е една од најважните работи во мојот живот и не можам да останам рамнодушен. Сето тоа се насобра и кулминираше во безумна расправија која го нарушува мојот углед и остава простор за сомнежи кои само ја влошуваат ситуацијата.”

“Не сакав да се огласувам до крајот на сезоната. Отпаднавме од Лигата на шампионите, а својот гнев и разочараност ги чував за себе. Загубивме уште една година и не бев во позиција да се изразувам на социјалните мрежи кога требаше да се покажам само на теренот, што и го правев.”

“Затоа ми е најмногу жал и ме боли што оваа ситуација доведе до тоа, поради лекарска одлука, да не можам да играм на следниот натпревар. Секогаш давав сè од себе, до самиот крај, и најмногу ме боли што сега не можам тоа да го направам. Сум на располагање на клубот и соиграчите за каква било одлука која ќе сметаат дека е потребна. Ви благодарам”, заврши Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан донесува засилување од Баерн и тоа како слободен играч

Италијанскиот клуб Милан е на прагот да го комплетира трансферот на средниот играч на Баер…