Дома Фудбал Арсенал ќе игра финале, а Сколс жестоко го критикуваше!

Арсенал ќе игра финале, а Сколс жестоко го критикуваше!

Арсенал успеа да се пласира во големото финале на Лигата на шампионите, каде што ќе се сретне со ПСЖ, а Топџиите се на добар пат и да го освојат првенството на Англија по повеќе од две децении. Сепак, изјавите на легендарниот Пол Сколс во врска со Арсенал предизвикаа бурни реакции меѓу навивачите на лондонскиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По скоро 20 години чекање, Арсенал конечно стигна до финалето на Лигата на шампионите, откако во полуфиналето беа поуспешни од Атлетико Мадрид со вкупен резултат од 2:1.

Освен што се во финалето против ПСЖ, Арсенал е исто така и блиску до освојувањето на титулата во Премиер лигата, што ја чекаат повеќе од две децении, особено по киксот на Манчестер Сити.

Иако ова би можело да биде незаборавна сезона за клубот од Лондон, не сите се воодушевени од перформансите на тимот на Микел Артета.

Изјавите на Пол Сколс, предизвикаа многу внимание и негодување во фудбалската јавност поради неговата критичност кон Арсенал.

Фановите на Арсенал се разочарани од зборовите на Сколс и веруваат дека изјавите на легендата на Манчестер Јунајтед се срамни.

“Не мислам дека за овој тим на Арсенал ќе се зборува во иднина, како што години наназад се зборуваше за големите тимови на Манчестер Јунајтед,” започна Сколс и продолжи.

“Не кажувам дека Арсенал не заслужува ова, поентата ми е дека не уживам во нивните натпревари. Нивниот тим не е од оние за кои ќе кажам ‘брилијантен тим’. Минатата година за Ливерпул, неколкупати реков ‘добро што изгледаат’.

“Тоа едноставно не го гледам кога зборувам за Арсенал. Не добивам желба да го вклучам телевизорот само за да ги гледам нивните натпревари”.

Иако оваа сезона би можела да биде историска за Арсенал, очигледно дека Сколс не е премногу импресиониран од нивната игра.

Неговите изјави ги разочараа фановите на Арсенал, а и поголемиот дел од фудбалската јавност смета дека Сколс требаше да покаже повеќе респект кон нивните постигнувања, наместо љубомора кон некогашниот голем ривал на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Страв од нерегуларности: Мундијалот сè поблиску, контроверзиите сè поголеми“

Да се потсетиме на сомнителниот пенал кој ПСЖ го доби на Паркот на Принцовите и оној што А…