Дома Фудбал Милан донесува засилување од Баерн и тоа како слободен играч

Милан донесува засилување од Баерн и тоа како слободен играч

Италијанскиот клуб Милан е на прагот да го комплетира трансферот на средниот играч на Баерн Минхен, Леон Горецка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува новинарот на ESPN, Хавиер Родригез Пашкуал, Милан е во финалната фаза од преговорите за потпишување на договор со играчот кој моментно ги брани боите на минхенската екипа.

Договорот на Горецка со германскиот гигант истекува на крајот на моменталната сезона, што му овозможува да премине во редовите на росонерите како слободен агент. Претходно, и други италијански гиганти, како што се Интер и Јувентус, покажаа интерес за 31-годишниот фудбалер, но изгледа дека Милан е најблиску до негово потпишување.

Во тековната сезона на Бундеслигата, репрезентативецот на Германија одигра 29 натпревари, постигна пет гола и забележа три асистенции. Дојде во Баерн во 2018 година без никакво обесштетување од Шалке, а својата кариера ја започна во Бохум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не е само еден: Меси со чудесниот настап против Алжир урна шест мундијалски рекорди!

Лионел Меси ги постигна сите три погодоци на натпреварот, со што успеа да собори или изедн…