Дома Фудбал Неверојатен потег на Енрике при враќањето во Париз, ги повика играчите на вечера, а потоа направи нешто неочекувано

Неверојатен потег на Енрике при враќањето во Париз, ги повика играчите на вечера, а потоа направи нешто неочекувано

Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите и ќе имаат можност да ја одбранат титулата прваци на Европа. По враќањето во Париз, тренерот на овој тим закажа заедничка вечера, но сите зборуваат за она што Луис Енрике на крајот го направи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Француските медиуми објавија дека синоќа екипата на ПСЖ била на заедничка вечера во еден париски ресторан, а иницијатор на сето тоа бил Луис Енрике.

Енрике одлучи да ја собере екипата за да го прослават пласманот во големото финале на Лигата на шампионите, но тоа не беше единствената причина за заедничката вечера.

Шпанскиот стратег денеска го прославува својот 56-ти роденден и тоа беше главната причина за синоќешното собирање во еден познат париски ресторан.

Меѓутоа, она што Енрике на крајот го направи никој не го очекуваше бидејќи тој воопшто не се појави.

На вечерата дојдоа сите играчи на ПСЖ и го чекаа тренерот, но Енрике не дојде бидејќи сакаше играчите максимално да се опуштат и да уживаат, без да се грижат дали тој ги посматра што прават.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како пред 16 години: Шакира е главна во официјалната химна на Мундијалот (Видео)

Од 11 јуни до 19 јули, ќе се одржи Светското првенство кое оваа година го организираат САД…