Дома Ракомет Послатко не можеше: Вардар го понижи Пелистер и ја потврди двојната круна!

Послатко не можеше: Вардар го понижи Пелистер и ја потврди двојната круна!

Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја потврдија доминацијата сезонава на домашната сцена и со убедлив триумф од 34-19. и математички ја обезбдија својата 15-та титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пелистер водеше само со почетните 1-0, се во продолжение помина во знакот на Вардар, како на теренот така и на трибините каде што немаше гостински навивачи.
Од почетокот до крајот вардаровите навивачи со песна само ја дополнуваат одличната игра на своите миленица.

Со неколку кратки серии, Вардар стекна сигурна предност, а на пауза замина со највисоки до тој момент плус шест (18-12).

Почетокот на второто полувреме донесе уште полоша игра на гостите, посебно во нападот каде што како да немаа идеја како да ја затресат мрежата на Валах. Цели десет минути битолскиот состав беше без гол и за тој период Вардар дојде до двоцифрена разлика (22-12). Слабата ефикасност на Пелистер продолжи и во наредните минути, па така прашање беше само колку убедливо избраниците на Чупиќ ќе слават.

Со ова Вардар сезоната во домашното првенство ја завршува со двојна круна откако неодамна триумфираше и на купот кој се играше во Струмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Познати и се и датумите на кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Откако денеска ги доби противниците за Светското првенство во Германија, македонската рако…