Дома Фудбал „Страв од нерегуларности: Мундијалот сè поблиску, контроверзиите сè поголеми“

„Страв од нерегуларности: Мундијалот сè поблиску, контроверзиите сè поголеми“

Да се потсетиме на сомнителниот пенал кој ПСЖ го доби на Паркот на Принцовите и оној што Атлетико го доби против Арсенал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Португалскиот судија Жоао Пињеро е во центарот на дебатите во фудбалскиот свет по полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Бајерн и ПСЖ што заврши 1:1, а ПСЖ се пласираше со вкупни 6:5.

Се верува дека Баерн беше оштетен поради вториот жолт картон за Нуну Мендеш и пеналот поради играње со рака на Жоао Невеш. Најзагрижувачки е тоа што овие ситуации ги донесе Пињеро, кој е исто така Португалец, што создаде дополнителни сомнежи во јавноста дека ПСЖ бил намерно фаворизиран, затоа што… зошто би се судело против своите на интернационално натпреварување?

Иако ВАР системот е присутен, сѐ уште се случуваат вакви ситуации. Да се потсетиме и на сомнителниот пенал што ПСЖ го доби, судија Сандро Шераер. Да ги оставиме на страна овие клубови. Сетете се на пеналот што Атлетико го доби пред осум дена против Арсенал, судија Дени Макели.

Светското првенство се приближува, остануваат нешто повеќе од еден месец, а тројца од сега назначените судии се на списокот. Не е изненадувачки што многу навивачи и фудбалски фанови се скептични и што се прашуваат како ќе изгледа судењето на најголемиот светски фудбалски собир, кој веќе е познат по бројни контроверзии, особено на политички план (Иран), а има уште пет недели до почетокот на турнирот.

Список на главни судии за СП:

Абдулрахман Ал Џасим (Катар)
Калид Ал Турис (Саудиска Арабија)
Јусуке Араки (Јапонија)
Омар Абдулкадир Артан (Сомалија)
Пјер Атчо (Габон)
Иван Бартон (Ел Салвадор)
Дахане Беида (Мавританија)
Хуан Габриел Бенитез (Парагвај)
Хуан Калдерон (Костарика)
Рафел Клаус (Бразил)
Исмаил Елфат (САД)
Еспен Эскас (Норвешка)
Алиреза Фагхани (Иран)
Јаел Фалкон Перез (Аргентина)
Древ Фишер (Канада)
Кристијан Гарај (Чиле)
Катија Гарсија (Мексико)
Мустафа Гурбал (Алжир)
Алехандро Хернандез (Шпанија)
Дарио Херера (Аргентина)
Џалал Џејед (Мароко)
Кемпбел-Кирк Кавана-Вог (Нов Зеланд)
Истван Ковач (Романија)
Франсоа Летексиер (Франција)
Нинг Ма (Кина)
Адам Макхадме (Јордан)
Дени Макели (Холандија)
Шимон Марцинијак (Полска)
Маурицио Маријани (Италија)
Хектор Саид Мартинез (Хондурас)
Амин Мохамед (Египет)
Ошејн Нејшн (Јамајка)
Глен Ниберг (Шведска)
Мајкл Оливер (Англија)
Омар Ал Али (ОАЕ)
Кевин Ортега (Перу)
Тори Пенсо (САД)
Жоао Пинјеро (Португалија)
Рамон Абати (Бразил)
Цесар Рамос (Мексико)
Андрес Рохас (Колумбија)
Сандро Шераер (Швајцарија)
Илгиз Танташев (Узбекистан)
Ентони Тејлор (Англија)
Густаво Техера (Уругвај)
Факундо Тело (Аргентина)
Абонгиле Том (Јужноафриканска Република)
Клемент Турпин (Франција)
Хесус Валензела (Венецуела)
Славко Винчич (Словенија)
Вилтон Сампајо (Бразил)
Феликс Цвајер (Германија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taжен крај: Поранешен фудбалер на Борусија и Баерн ја завршува кариерата на 30 години

Поранешниот германски репрезентативец и ѕвезда на Баерн Минхен, Никлас Зуле, објави дека ќ…