Дома Фудбал Фудбалерите на Арсенал ги чекаат големи бонуси ако освојат двојна круна. Еве колку ќе заработат

Фудбалерите на Арсенал ги чекаат големи бонуси ако освојат двојна круна. Еве колку ќе заработат

Тимот на тренерот Микел Артета е во самиот финиш на сезоната и се бори за двојна титула – шампион на Англија и освојување на Лигата на шампионите. Доколку успеат да ги освојат двата трофеи, играчите на Арсенал ги очекуваат милионски бонуси. По елиминацијата на Атлетико Мадрид, Топчиите обезбедија финале на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, што ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, додека истовремено се ближат до освојување на Премиер лигата, што би било прво по 2004 година.

Милионски бонуси за двојна титула

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според британските медиуми, играч кој ќе настапи на сите натпревари и ќе ги освои двете натпреварувања може да добие околу 2,13 милиони фунти (2,46 милиони евра) преку разни бонуси. Најголемиот дел од износот се однесува на успехот во Лигата на шампионите, каде што ќе бидат распределени над еден милион фунти меѓу играчите. За самата победа во финалето е предвиден бонус од 125.000 фунти, а премии се исплатуваа и за поминување на претходните фази на натпреварувањето.

Освен европските награди, играчите на Арсенал имаат значајни премии и за успесите во домашното првенство. Се наведува дека играчите добиваат речиси 6000 фунти за секој натпревар во сезоната на лигата, додека дополнителен голем бонус се дели врз база на вкупниот придонес во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан донесува засилување од Баерн и тоа како слободен играч

Италијанскиот клуб Милан е на прагот да го комплетира трансферот на средниот играч на Баер…