
Додека Лос Анџелес Лејкерс губат со 0-1 во полуфиналето на Западната конференција и чекаат нов двобој против Оклахома Сити Тандер во НБА плеј-офот, најголемата ѕвезда на тимот Лука Дончиќ сè уште е надвор од теренот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пет недели по повредата на левиот мускул на бутот, Дончиќ сè уште нема започнато контактни тренинзи, иако закрепнувањето е проценето на околу осум недели. Во меѓувреме, за првпат се обрати до медиумите по повредата и откри колку му е тешко што не е во игра во најважниот дел од сезоната.
– Многу е фрустрирачки. Мислам дека луѓето не сфаќаат колку. Само сакам да играм кошарка, особено во овој период од годината – рече Дончиќ, додавајќи дека е горд на својот тим, но му е тешко да ги гледа од страна.
Словенечкиот кошаркар моментално може да трча, но сè уште чека дозвола за контактни тренинзи. Истакна дека закрепнувањето од оваа повреда е посериозно од која било претходна.
– Работам сè што е во моја моќ. Од ден на ден се движам напред и секој ден се чувствувам подобро – порача Дончиќ.