Дома Фудбал Останато Легендата на Арсенал откри зошто Кејн е во лоша форма

Легендата на Арсенал откри зошто Кејн е во лоша форма

Според пишувањето на англиските медиуми, Хари Кејн не ја отвори сезоната на најдобар начин, а многумина во последно време се повеќе пишуваа за тоа како на теренот делува уморно и истрошено.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кејн имаше време за одмор по Светското првенство и се приклучи во Тотенхем неколку дена пред новата сезона. Сепак, на теренот јасно се гледа дека Кејн се уште не е во свој елемент, а многумина по натпреварот со Ливерпул изјавија дека делува многу уморно и истрошено за време на натрпеварите.

Легендарниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт верува дека причината за неговиот замор е второто дете кое Кејн и неговата сопруга го добија неодамна. Рајт тврди дека напаѓачот на Тотенхем не спие многу, а за тоа го „обвинува“ неговото второ родено дете.

„Кога го гледате се гледа дека не делува така свежо и подготвено за натпреварите како претходно. Сепак, никој не се сети дека доби второ дете и дека веројатно поради тоа не спие доволно. Многумина го критикуваа за играта, но треба и тоа да се земе во предвид, бидејќи очигледно е дека и помага на неговата сопруга околу бебето кое неодамна го добија“, изјави Рајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус го победи Интер за потпис на играч од 40 милиони!

Во Италија првенството полека се приведува кон крај и остануваат уште неколку непознаници.…