Никлас Бендтнер би можел да го пропушти Светското првенство во Русија поради повредата која ја здоби минатиот викенд за време на настапот за својот Розенборг.
„Лордот“ сигурно нема да биде спремен за почетокот на турнирот, а неизвесен е неговиот настап во целата групна фаза.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Бидејќи неговите верни фанови сметаат дека Светското првенство е незамисливо без „Лордот“, покренаа петиција за одлагање на Мундијалот.
„Одложете го Светскоро првенство додека Бентнер не се опорави“, можете и вие да ја потпишете петицијата ТУКА.
Бендтнер веќе 12 години е репрезентативец на Данска, досега забележа 79 настапи и постигна 30 гола.