Дома Фудбал Италија Тага на Апенините: Почина таткото на италијанскиот фудбал (видео)

Тага на Апенините: Почина таткото на италијанскиот фудбал (видео)

Азеглио Вичини, великан на италијанскиот фудбал, каде го ценат поради неговите тренерски квалитети, почина денес во 84-та година од животот во Бреша.

Колку Вичини беше ценет во Италија доволно говори фактот што беше селектор во три национални категории од 1975 до 1991 година. Значи, цела една ера во која Италија беше фудбалски центар на светот, во негови раце беше репрезентацијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Врв на кариерата му беше Светското првенство во 1990 година каде го освои третото место, иако од седум меча победи на 6 и имаше само едно реми. Испадна на пенали во полуфинале против Марадона и дружината.

Сменет е после неуспешните квалификации за ЕП 1992 година, а до заминувањето во пензија беше тренер уште во Чезена и Удинезе. Потоа беше и технички директор во тренерската школа во Коверчијано.

По веста за неговата смрт, Тото Скилачи, неочекуваниот херој од СП 1990 година, низ солзи изјави:

„Почина мојот татко“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…