
Синоќа продолжија натпреварите од последното коло на групната фаза од Светското првенство, со што полека се комплетира грижата за нокаут-фазата и веќе се познати четири парови за осминафиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вториот домаќин на првенството, репрезентацијата на Канада, ќе се соочи со Јужноафриканската Република во оваа фаза на натпреварувањ, додека САД ќе игра против БиХ..
Синоќа се определени и два возбудливи дуели кои веќе се сметаат за дерби на осминафиналето. Тоа се натпреварите помеѓу Холандија и Мароко, како и Бразил против Јапонија.
И покрај тоа што Холандија и Бразил се сметаат за фаворити, Мароко и Јапонија оставија силен впечаток на тековното Светско првенство.
За Мароко не би било неочекувано ако триумфираат против Холандија, затоа што се дел од Топ 10 селекции на ранг-листата на ФИФА и полуфиналисти на последното Светско првенство.
Во текот на денот се очекува да се комплетираат уште неколку парови за нокаут-фазата на Мундијалот.
Деветнаесет селекции досега се квалификувани и спремни за следната фаза.
Тоа се: Мексико, САД, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка, Колумбија, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, Македонија, Јужна Африка, Обала на Слонова Коска, Еквадор, Холандија, Јапонија, Шведска и Австралија.
The Round of 32 is taking shape 💪#FIFAWorldCup #Qualified @mcdonalds pic.twitter.com/cxjKYRqttW
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 26, 2026