Дома Фудбал Швајнштајгер обвинет за расизам – ова се деталите!

Швајнштајгер обвинет за расизам – ова се деталите!

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер е обвинет дека користел расистички стереотипи во анализата на Брегот на Слоновата Коска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред натпреварот во Торонто, кој Германија го доби со 2:1, Швајни, како коментатор на германскиот јавен сервис, изјави дека Брегот на Слоновата Коска игра „африкански фудбал“, кој го окарактеризирал како “понекогаш невообичаен, малку див, не баш тактички”.

Неговите коментари предизвикаа реакции на социјалните мрежи и во германските мејнстрим медиуми.

Го обвинуваат дека користел расистички и колонијални термини со кои дел од луѓето ги сведуваат на физички атрибути, наместо да им препишуваат интелектуални способности.

„Зад атрибутите како ‘диви’ и ‘непредвидливи’ стојат стереотипи кои се постари од фудбалот и кои имаат расистички и колонијални корења”, објасни Филип Авуну.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ воодушевен од младата ѕвезда на БиХ: Играше како стадионот да е негов!

Босанската фудбалска репрезентација блескаше со победа од 3:1 против Катар, осигурувајќи г…