
Манчестер Сити наводно планира сензационален потег кој би можел да му помогне во борбата за титулата во Премиер лигата.
По убедливата победа против Ливерпул со 3:0 во натпреварот од домашното првенство, Манчестер Сити сега е на второто место на табелата, веднаш зад Арсенал.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Топџиите го држат лидерското место по 11 одиграни натпревари и во моментов имаат четири бода повеќе од Манчестер Сити.
„Граѓаните“ го освежија тимот за време на летото, и доведоа севкупно седум нови играчи, меѓу кои се Донарума, Черки, Аит-Нури, Трафорд и Рејндерс.
Новите информации од Англија велат дека Пеп Гвардиола сака во јануарскиот преоден рок да донесе уште едно големо засилување.
Имено, според TEAMTalk, Манчестер Сити е многу заинтересиран за доведување на Тино Ливраменто од Њукасл.
Пеп Гвардиола верува дека овој фудбалер совршено би се вклопил во стилот на игра на неговиот тим.
Гвардиола нуди играч и пари?
Њукасл не сака да го продаде Ливраменто, а играчот има договор со клубот до 2028 година.
Сепак, постои можност челниците на тимот од Сент Џејмс парк да се согласат на зделка, а многу ќе зависи од Пеп Гвардиола.