Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Oдигра храбро Турција и остави добар впечаток, но сепак Холандија е последниот полуфиналист на Европското првенство.

Турција од првата минута изгледаше сигурно, Холандија тешко доаѓаше до шанса. Турците и први дојдоа до водство со голот на Акајдин во 35. минута од натпреварот. Акајдин натпреварот го започна како замена за Мерих Демирал кој како што е познато беше суспендиран за овој натпревар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На паузата Турција замина со водство, а Холандија во вториот дел немаше избор освен да тргне по гол. Изедначување донесе Де Фрај кој се запиша во листата на стрелци по нафрлувањето на Депај.

Само шест минути по тој гол, се играше 76. минута кога Гакпо се погрижи за целосен пресврт. Турција до крајот се обиде и создаде неколку прилики, меѓутоа не дојде до втор гол.

Во полуфиналето Холандија ќе се соочи со Англија, додека вториот пар го сочинуваат Португалија и Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…