Карлос Алкараз денес е еден од најдобрите тенисери во светот, а уште во 2016 година го открил својот идол.
Не е тешко да се погоди, идол на Шпанецот е неговиот сонародник Рафаел Надал кој поради проблемите со повреда не игра скоро една година, но ќе се врати на турнирот во Бризбејн.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Алкараз истакнува дека гледал натпревари и на Федерер, меѓутоа Надал бил неговиот идол.
„Сакам да бидам како Надал, затоа што тренира напорно, се жртвува и се труди. Вистина е дека секогаш ми беше голем идол. Гледав натпревари и на Федерер и на други тениски мајстори, но Рафа ми е идол“, зборува тогаш 16-годишниот Алкараз.