Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ го избра новиот селектор на кадетската репрезентација

РФМ го избра новиот селектор на кадетската репрезентација

Тренерот кој ја води Струга, Наум Танески е избран за нов селектор на кадетската репрезентација за квалификациите за ЕП 2024 година.

„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации, Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Наум Танески за тренер/селектор на машката кадетска репрезентација, а за помошник тренер е именуван г-дин Миле Бочкаровски“, објавија од Ракометната Федерација на Македонија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Кадетската машка репрезентација на Македонија ќе игра на квалификациски турнир кој ќе се одржува периодов од 04.01.2024 до 08.01.2024 година. На овој турнир ќе учествуваат селекциите на Косово, Швајцарија и Словачка. Најдобрите две од групата ќе се пласираат на Европското првенство во 2024 година во Црна Гора.

Квалификациските натпревари ќе се играат во Скопје во спортскиот центар „Автокоманда“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…