Романскиот тим Витроул Пандури Тагру Џиу го направи сигурно најбизарниот трансфер ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Второлигашот од друг романски клуб, ЦСМ Лугоа го доведе Камрунецот Азиз Ниој Нијафакуе, а причината поради кој овој трансфер се најде во центарот на вниманието е платената оштета.
Имено, Лугож според информациите на романските медиуми го добил напаѓачот за два транспортни контејнери кои клубот сега ќе ги користи како соблекувални.
„Ова е најдобро за сите. Клубот од една страна изгуби одличен играч, но од друга страна доби подобри услови“, објави Лугож.
Нијафакуе минатата сезона во сите натпреварувања постигна дури 44 голови.