Дома Македонски спорт Во завршна подготовките за седмото издание на „Охрид трчаТ“

Во завршна подготовките за седмото издание на „Охрид трчаТ“

Во завршна фаза се подготовките за седмото издание на најмасовната и најголема спортска манифестација кај нас, Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2023“, што ќе се одржи од 02-04 јуни во уникатен амбиент низ улиците на древниот Охрид.

Годинава на „Охрид трчаТ“ ќе учествуваат рекорден број натпреварувачи во трките на 5 и 21 километар во индивидуална конкуренција и штафета. За нив ќе се погрижат стотици волонтери од разни профили, помагатели и спортски професионалци кои, интензивно работат организацијата на настанот и овој пат да биде на највисоко ниво, што е препознатлив белег на „Охрид трчаТ“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во петок ќе биде отворено Експо кое ќе трае од 10 до 20 часот и истото продолжува во сабота. Попладнето од 18 часот предвидено е загревање со „Стречвел Србија“, како увертира во ноќната трка на 2 километри која стартува во 20 часот, по што следи забава.

Во сабота ќе се одржи панел дискусија на која учество ќе земат претставници на етаблирани маратони од регионот и Европа.

Главниот настан е во недела кога ќе се одржат предвидените трки во натпреварувачка конкуренција. Почетокот е закажан во 8 часот.

Деталите за Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2023“, ќе бидат изнесени на прес конференција, што ќе се одржи во петок, 2 јуни, со почеток во 11 часот, на бината што за потребите на манифестацијата ќе биде поставена на градскиот кеј во близина на некогашниот хотел „Палас“. На прес конференцијата ќе се обратат претставници на организациониот одбор и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одбојкарите имаат нов селектор

Одбојкарската репрезентација на Македонија пред Европската златна лига и квалификациите за…