Иако се најавуваше сепак, Јувентус нема да се соочи со ново одземање на бодови поради финансиските малверзации на поранешната управа на клубот.
Јувентус е обвинет за лажирање на висините на платите и исплаќање провизии кон агентите, се најавуваше дека клубот од Торино ќе биде казнет со нови два или три бода, но сепак на крајот тоа не се случи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Старата дама“ ја призна вината, а за возврат, не им беа одземени бодови, туку ќе мораат да платат само парична казна.
Паричната казна е во износ од 720.000 евра. За разлика од клубот, поранешниот прв човек на клубот, Андреа Ањели одби признавање на вина и судот одреди нов датум за почеток за процес против поранешниот прв човек на „старата дама“. Првото рочиште од трој процес ќе се одржи на 15-ти јуни.