Дома Фудбал Италија Проблем за Осимен: Пред дербито со Милан ја загубил својата амајлија!

Проблем за Осимен: Пред дербито со Милан ја загубил својата амајлија!

Виктор Осимен игра фантастична сезона во дресот на Наполи, а со својата маска се стекна со имиџ кој е лесно препознатлив, но сега италијанските медиуми објавија дека ја загубил.

Осимен како и многу други фудбалери во изминтиот период имаше обврски кон репрезентацијата на Нигерија со која играше против Гвинеја Бисау во квалификациите за Африканскиот куп на Нации. Оваа недела тој се вратил во Неапол, но се вратил без неговата среќна маска.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Маската Осимен почна да ја носи по еден дуел со Шкринер во дербито против Интер во ноември 2021 година. Ја носеше поради потреба за да се заштити, но прерасна во негов заштитен знак. Навивачите ја прифатија како негова амајлија, а тој секогаш ја вади при прославата головите.

Според најавите Осимен во дербито против Милан викендов ќе игра со стара маска и таа ќе ја користи додека не му се изработи нова. Нигериецот во овој момент е прв стрелец во Серија А со 21 постигнат гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандираа „Србија, Србија“, па добија ќотек: Излезе снимка од инцидентот во Зеница (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, по голем пресврт, ја совлада Романија п…