Дома Фудбал Добра вест: Мектоминеј успешно опериран

Добра вест: Мектоминеј успешно опериран

Сегашниот италијански вицепрвак Наполи објави дека нивниот 29-годишен играч од средината на теренот, Скот Мактаминеј, успешно ја заврши операцијата на срце.

Шкотскиот репрезентативец оперативниот зафат го изврши во Манчестер, поради дијагностицирање на лесна аритмија.

Пред операцијата, од Наполи соопштија дека Мактаминеј ќе биде надвор од терените еден месец, додека на тренинзите би можел да се врати за петнаесет до дваесет дена.

За Мактаминеј, Наполи е втор клуб во кариерата по Манчестер Јунајтед.

Во јужна Италија пристигна 2024 година и оттогаш е еден од најдобрите играчи на Наполи, значаен за сите успехот постигнати во следните сезони.

Во дресот на Наполи досега Мактаминеј има одиграно 82 натпревари во сите натпреварувања и постигнато 27 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се сите кандидати кои ќе се борат за „Златната топка“, има место и за голманот кој стана сензација (Фото)

Францускиот весник France Football го објави списокот со 30 фудбалери номинирани за прести…