Дома Фудбал Италија Американци влегуваат и во Наполи, Де Лаурентис спремен да го продаде?

Американци влегуваат и во Наполи, Де Лаурентис спремен да го продаде?

Според информациите од италијанските медиуми Аурелио Де Лаурентис би можел да го продаде Наполи откако добил одлична понуда од американски инвестициски фонд.

Италијанскиот бизнисмен кој се занимава со филмска индустрија важи за спасител на клубот затоа што дојде кога Наполи беше четврта лига, а денес е тим кој се бори за Скудетото во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Де Лаурентис би се согласил да го продаде Наполи за сума од околу 700 милиони евра. Името на инвестицискиот фонд е „Сикст стрит“, освен што планираат да го купат Наполи тие веќе претставиле план за изградба на нов стадион. Во овој момент стадионот „Диего Марадона“ на кој игра Наполи е во сопственост на властите во Неапол.

Интересно е што веќе шест калчолигаши се во американска сопсственост (Милан, Рома, Фиорентина, Џенова, Специја и Венеција).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…