Дома Фудбал Италија Алегри: Не може после неколку добри натпревари да го споредувате Влаховиќ со Роналдо

Алегри: Не може после неколку добри натпревари да го споредувате Влаховиќ со Роналдо

Душан Влаховиќ продолжи да игра во одлична форма и вчера постигна два гола со кои обезбеди и победа на Јувентус од 2:3 против Емполи.

Влаховиќ два пати мајсторски се снајде во шанеснаесетникот на противникот и го матираше противничкиот голман. Тренерот Масилијано Алегри после овој натпревар Влаховиќ го спореди со Кристиано Роналдо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Влаховиќ е играч со карактер кој сака да победува, но најважно е што сака да учи. Се движеше многу побрзо во однос на претходните натпревари и токму тоа го барав од него. Не стоеше централно, со своето движење дава голема предност за тимот“.

„Роналдо и Влаховиќ? Не можеме да го споредуваме со човек кој освои четири златни топки, се уште е на почетокот на кариерата. Еден или неколку добри натпревари не се доволни да го споредувате со Роналдо. Кристиано има и неверојатна ментална сила, Душан е на самиот почеток“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…