Дома Фудбал Италија Емполи – Јувентус: „Старата дама“ нема право на нов кикс

Емполи – Јувентус: „Старата дама“ нема право на нов кикс

По трите последователни нерешени средби, Јувентус патува кај Емполи на стадионот Карло Кастелани, во потрага по три бода за да ои водат во Лигата на Шампионите следната сезона.

Но Јуве влага во овој меч и со мала доза на потреба за одмазда, откако го загуби првиот сезонски меч против Емполи и тоа на домашен терен со 0:1.

Јуве по три ремија, размислува само на победа


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


И покрај тоа што јануарските засилувања Душан Влаховиќ и швајцарскиот играч за врска Денис Закарија очигледно најавуваат нова димензија во играта на Јувентус, Старата дама повторно почна да кикснува во Серија А.

Откако се спасија со голот на Данило во последните моменти од дуелот со Аталанта, гигантот од Торино беше принуден да се задоволат со ремито 1:1 во гратското дерби со Торино минатиот викенд. Во текот на неделава пак, откако Влаховиќ постигна гол на гости во Шпанија кај Виљареал – постигнувајќи го најбрзиот деби гол во историјата во Лигата на шампионите, Јувентус повторно одигра само 1:1 во првиот натпревар од осминафиналето.

Сепак, Јуве останува непоразен во 90 минути од Ноември – губејќи само од Интер во Суперкупот практично со последниот удар од судиското продолжение. Исто така Јуве не е поразен во Серија А веќе 12 натпревари.

Моментално четврти на табелата, со девет бода зад лидерот Милан и само три над Аталанта – која има натпревар помалку имаат императив за победа.

Емполи во непријатна серија

Емполи го шокираше Јуве без Роналдо, победувајќи со 0:1 во Торино во Август и таа е една од најдрагите победи сезонава за овој тим. Сепак во последните недели се гледа како Емполи паѓа на табелата поради серијата нерешени резултати и порази.

Емполи нема победа на последните девет меча во Серија, а во оваа низа загуби и од Интер во Купот. Но и покрај ова, тие се безбедни на табелата по одличните игри во првиот дел од сезоната. Имаат комотна предност од дури девет бода од последната екипа која е на местата кои водат во Серија Б, а токму опстанокот беше целта на Емполи сезонава.

Со оглед на тоа што сега примија 50 гола во Серија А – само Салернитана која е на дното помина полошо во тој поглед и тоа е главниот проблем на тимот.

Со оглед на тоа што тимот на Аурелио Андреацоли примаше во просек над два гола по натпревар за време на нивната негативна серија, тешко е да се верува дека тие ќе издржат против Јуве со Роналдо, Влаховиќ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…