Дома Фудбал Италија Мурињо кон судијата: Јувентус те прати со задача

Мурињо кон судијата: Јувентус те прати со задача

Рома се спасуваше од пораз и одигра 2:2 против Верона, а Жозе Мурињо заработи ново исклучување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот стратег беше многу незадоволен од судењето на судијата Паирето и вербално го нападна.

Мурињо му дофрлил на судијата Паирето: „Те пратија тука со задача, Јувентус те прати“.

Братот на Лука Паирето, Алберто работи во Јувентус веќе осум години, прво како главен директор за организација. Таткото на Лука е поранешен судија, Пјерлуиџи Паирето кој беше дел од Калчополи скандалот по кој Јувентус беше префрлен во Серија Б.

Мурињо со оваа реченица ги „врати духовите“ од Калчополи и може да добие жестока казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Полноќна „бомба“ од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!

Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер …