Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев во јануари направи изненадувачки трансфер од Џенова во Парма, каде ќе игра до крајот на сезоната.
Пандев си ја отвори душата и изјави дека многу го боли разделбата со Џенова и дека жали што не се пензионирал минатото лето после Европското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Навистина ме боли разделбата со Џенова, не можев да заспијам четири дена по трансферот во Парма. Кога дојдов на стадионот, видов дека луѓето се среќни што си заминувам. Ми беше жал, но видов дека е готово. Забележав дека сакаат да се ослободат од ‘проблемот’, кога им кажав дека имам понуда од Парма“, вели Пандев.
„Требаше да ја завршам кариерата по Европското првенство, меѓутоа згрешив, но сакав кариерата да ја завршам пред навивачите на Џенова. „Овојпат навистина е готово, ќе се пензионирам по крајот на оваа сезона.