Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Исток: Слога декласирана во Кочани, Победа нов лидер!

ВМФЛ – Исток: Слога декласирана во Кочани, Победа нов лидер!

Екипата на Победа Прилеп е новиот лидер во Втората лига – Исток.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На домашен терен прилечани славеа со 3:1 и така го искористија киксот на Слога Виница против Осогово во Кочани.

До победата Победа дојде со головите на Даниел Крчески, Игор Момировски и Давид Јошевски, додека стрелецот на единствениот гол за гостите беше Славе Танов.

Осогово изненади и одигра одличен натпревар против Слога Виница. Во Кочани Слога забележа пораз од 3:0, два гола постигна Иван Мицевски, а еден гол беше дело на Тоше Манов.

Во останатите натпревари Беласица со 1:0 славеше против Братство, Детонит го доби Кит Го, додека Локомотива и Каменица Саса одиграа без голови.

Со триумфот Победа како што споменавме е новито лидер со 26 бода, Слога Виница е втора со 25, Каменица Саса трета со 21…

Фото: ФК Победа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …