Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ потврди: Победа беше „ограбена“ против Силекс! 🎥

ФФМ потврди: Победа беше „ограбена“ против Силекс! 🎥

Во својата судиска анализа ФФМ потврди дека Победа буквално беше ограбена за пеналот досуден за Силекс во вчерашниот натпревар.

Иако победата е убедлива (1:4), кратовци три гола постигна во последните 20 минути. Но, посебно спорен е оној со кој се најави победата. Додека резултатот беше 1:1 Силекс доби непостоечки пенал со кој зголеми на 1:2


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На натпреварот  Фк. Победа  – Фк. Силекс одигран на 05.03.2023 година, анализирана е ситуацијата од 65 минута.

“Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

65 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА  ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите центрираше кон голот на домакините, играч од екипата на домакините пред  линијата на 16- сетникот ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба (одвоена од тело).

Погрешна одлука на првиот помошен судија кој му сигализираше на главниот судија и даде информација дека играта со рака на играчот на домакините е на самата линија од 16- сетникот, играта со рака на играчот на домакините беше надвор од 16- сетникот и требаше да биде слободен удар“, стои во анализата на ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…