Eкипата на Барселона има сериозни финансиски проблеми, па се обидува на секој начин да дојде некаква помош.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Долгот на каталонскиот гигант изнесува 820 милиони евра, а поголем проблем е што половина од овој износ мораат да вратат до летото наредната година.
Клубот во овој момент е во преговори со фудбалерите за намалување на платите. На тој начин сакаат да заштедат нешто, а сега тропнаа и на вратата на нивниот поранешен фудбалер Нејмар.
Барселона од Нејмар бара 10.2 милиони евра кои му ги исплатиле без никаква причина. Клубот направил грешка во престојот на Нејмар и пресметале дека му исплатиле 10.2 милиони евра повеќе од предвидената сума, тврдат шпанските медиуми.
Сега кога им е потребно сакаат да ја исправат таа грешка.
El Barcelona exige a Neymar la devolución de 10 millones de euros que le pagó de más https://t.co/TGDoEPZakz
— EL MUNDO (@elmundoes) November 10, 2020