Дома Топ вести Сити го гаси „пожарот“ со грандиозен шопинг

Сити го гаси „пожарот“ со грандиозен шопинг

Манчестер Сити оваа сезона не игра супериорно, веќе има три порази во Премиер лигата и заостанува цели 9 бода зад лидерот Ливерпул.

„Граѓаните“ на чело со Пеп Гвардиола не сакаат лесно да се предадат од трката за титулата и веруваат дека се уште ништо не е готово. Па се спремни значително да го засилат тимот во зимскиот преоден рок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Англиските медиуми тврдат дека Сити спреми 100 милиони евра за зимски засилувања, а Гвардиола сака да донесе три нови фудбалери.

Главна мета во дефанзивата е Бен Чилвел од Лестер кој може да игра и како бек, но и како стопер. За офанзивата на мета е Осман Дембеле, чиј трансфер би можел да биде финансиран од продажбата на Лерој Сане.

Потоа, се зборува и „чудото од дете“, Рик Ричардс од ВБА кој има 16 години, а „граѓаните“ внимателно ја следат ситуацијата со Кулибали од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…