Дома Фудбал Останато Гвардиола сега не сака да се вистина зборовите кои ги напиша во 2014 година

Гвардиола сега не сака да се вистина зборовите кои ги напиша во 2014 година

Пред пет години Пеп Гвардиола во својата книга напиша дека титулите се губат во првите осум натпревари.

Манчестер Сити во неделата неочекувано беше поразен на „Етихад“ со 0:2 од Вулверхемптон и така му дозволи на Ливерпул да направи разлика од осум бода.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Осум бодови после осум одиграни кола во Премиер лигата изгледаат солидно. Секако не може да се каже дека Ливерпул е шампион затоа што има премногу бодови во игра, но „црвените“ се на добар пат.

Меѓутоа ако се водиме по зборовите на самиот Пеп тогаш Ливерпул е многу блиску до титулата. Сигурно Пеп сега не сака да е вистина она што во 2014 година го напиша во неговата книга „Доверливо“.

„Титулите се освојуваат во последните осум, а се губат во првите осум натпревару“.

Ливерпул е максимален и ги има сите победи, додека Сити веќе запиша неколку киксеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…