Дома Фудбал Италија Џампаоло: Не е важно дали сме аутсајдери, сакаме победа против Интер

Џампаоло: Не е важно дали сме аутсајдери, сакаме победа против Интер

Тренерот на Милан, Марко Џампаоло изјави дека не го интересира дали неговиот тим е аутсајдер во дербито против Интер, и истакна дека целта на „росонерите“ се трите бода.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Победата против Верона беше важен чекор, тимот се подобрува од меч во меч. Нашата цел е победа против Интер. Важно е да играме добро и да имаме визија на теренот, но исто така е важно да ги радуваме фановите со добри резултати. Ова е еден од најтешките натпревари со сезоната и треба да бидеме во одлична форма и да дадеме 100% од себе си“, истакна Џампаоло.

„Ваквите дербија се надвор од сите прогнози. Ги гледав сите натпревари на Интер оваа сезона и не ме интересира што важиме за аутсајдери во овој меч. Сакам мојот тим да биде добар во двете фази, полека играчите ги запознаваат моите идеи и нашата цел утре се трите бода, како и во секој друг меч“, додаде тренерот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…