Дома Фудбал Зошто Барса, а не Реал? Родри прозборе и конечно ги реши сите дилеми!

Зошто Барса, а не Реал? Родри прозборе и конечно ги реши сите дилеми!

Родри минатото лето ја одби понудата од Реал Мадрид и реши кариерата да ја продолжи во редовите на Барселона. Сега конечно ја објасни причината зошто го избра каталонскиот клуб наместо проектот што му го нудеше Жозе Мурињо.

Шпанската ѕвезда Родри летово на маса имаше понуди од двата најголеми шпански клуба. На крајот го одби Реал Мадрид и го прифати повикот од Барселона.

Долго се зборуваше дека неговиот трансфер од Манчестер Сити во Реал е „завршена работа“. Се чекаше потписот, но одеднаш стигна вест дека Родри стана нов член на Барселона.

Сјајниот играч за врска објасни зошто го прифати повикот од каталонскиот гигант. Причината е сосема јасна.

“Реал Мадрид навистина многу се обидуваше да ме доведе. Жозе Мурињо ми рече дека многу ме сака, ми ги претстави своите идеи и тоа многу ме привлече. Станува збор за врвен тренер”, кажа Родри и продолжи:

“На крајот решив да потпишам за Барса. Причината е исклучиво спортска. Сметам дека во Барселона можам да постигнам многу повеќе како играч, да напредувам дополнително. И тоа не само краткорочно, туку и во иднината.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ужасни вести за Реал Мадрид стигнаа од кампот на француската репрезентација

Ибрахима Конате се повреди во кампот на француската репрезентација и се врати во Мадрид ка…