
Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда и член на Реал Мадрид, Роберто Карлос, сподели на панел дискусија искуства од животот откако заврши со фудбалот. Карлос искрено призна дека поради погрешни одлуки изгубил речиси сè што заработил за време на неговата извонредно успешна кариера.
“Сето што го доживеав како играч ме остави со речиси празен сметка. Загубив 99 проценти од заработката. Сепак, успеав повторно да го средам мојот живот. Мислев дека ќе станам тренер, бидејќи работејќи со некои од најдобрите тренери во светот, имав амбиција да почнам во мал клуб. Наместо тоа, станав спортски директор и фитнес тренер. Имав проблеми и со менаџерите и со семејството. Сè што имав, го изгубив,” изјави Роберто Карлос.
Роберто Карлос (роден 1973 година) е еден од најпрепознатливите леви бекови во историјата на фудбалот. Професионалната кариера ја започна во Бразил, и по настапите за Палмеирас и Интер, во 1996 година пристигна во Реал Мадрид, каде помина 11 години. Со Реал освои четири шампионати на Шпанија и три Лиги на шампиони, и беше познат по брзината, силниот удар и неговите славни слободни удари.
За бразилската репрезентација настапи повеќе од 120 пати и го освои Светското првенство во 2002 година, а учествуваше и на првенствата во 1998 и 2006 година. Посебно е познат по неверојатниот слободен удар против Франција во 1997 година.
По завршувањето на играчката кариера, се обиде како тренер, водејќи, меѓу другите, Сивасспор и Акхисарспор во Турција и Делхи Динамос во Индија, каде што беше и играч-тренер. Подоцна работеше во различни улоги поврзани со Реал Мадрид, вклучувајќи работни задачи како амбасадор и управител.