Торино денеска соопшти дека нов тренер на екипата е 53-годишниот италијански стручњак Марко Џампаоло. Поранешниот тренер на Милан потпиша двегодишен договор со „Биковите“ каде доаѓа со уште неколку соработници. Џампаоло, покрај Милан, во текот на тренерската кариера предводеше бројни италијански клубови, а добри резултати оствари со Сампдорија каде работеше три години. Тој на клупата на Торино го наследи Морено Лонго. …