Дома Фудбал Џампаоло ќе му направи услуга на Милан ако замине во Турција

Џампаоло ќе му направи услуга на Милан ако замине во Турција

Поранешниот тренер на Милан, Марко џампаоло се наоѓа пред нов ангажман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанецот е без работа од октомври 2019. година кога Милан му врачи отказ после само седум кола во Серија А, а сега би можел да се проба во Турција.

Тамошните медиуми пишуваат дека Џампаоло е еден од кандидатите за клупата на Фенербахче, а челниците на овој клуб сакаат што поскоро да се вратат на старите патеки.

Преговорите се веќе во тек, а доколку замине во Истанбул ќе му направи услуга и на Милан, кој мора да го плаќа се до 2021. година.

На тој начин Милан во касата ќе зачува четири милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново засилување на повидок: Алонсо носи еден од своите ученици во Челси

Летната реконструкција на Челси под водство на Чаби Алонсо почнува да добива облик, а едно…