Дома Фудбал Белингам ја виде понудата и веднаш кажа „да“: Ќе потпише на пет години!

Белингам ја виде понудата и веднаш кажа „да“: Ќе потпише на пет години!

Англискиот репрезентативец ја прифати понудата и ќе потпише договор на пет години. Реал Мадрид заврши уште една голема работа зад сцената. По долги преговори со Винисиус Џуниор ова лето, следниот играч кој ќе потпише нов договор е Џуд Белингам.

Според зборовите на италијанскиот новинар Матео Морето, англискиот репрезентативец во следните две недели ќе го стави потписот на новиот договор, кој ќе го врзе за Сантјаго Бернабеу до летото 2031 година.

Иако Белингам веќе има важечки договор до 2029 година, претседателот Флорентино Перез сака долгорочно да го осигура останувањето на еден од клучните играчи на тимот, па преговорите за продолжување на договорот започнаа многу пред истекот на актуелниот договор.

За разлика од преговорите со Винисиус, кои траеја речиси цела година, разговорите со Белингам протекоа без поголеми проблеми. Останува само двете страни да ги усогласат последните детали, по што договорот официјално ќе биде продолжен.

Новиот договор ќе му донесе на Белингам значително зголемување на примањата, со што дополнително ќе се потврди неговиот статус како еден од најважните фудбалери во соблекувалната на Реал Мадрид.

Белингам пристигна во Реал Мадрид во летото 2023 година од Борусија Дортмунд во трансфер вреден околу 127 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Барса, а не Реал? Родри прозборе и конечно ги реши сите дилеми!

Родри минатото лето ја одби понудата од Реал Мадрид и реши кариерата да ја продолжи во ред…