Дома Фудбал Аморим „гарантира за овој дечко“ – Милан сака нова италијанска надеж која брзо напредува!__

Аморим „гарантира за овој дечко“ – Милан сака нова италијанска надеж која брзо напредува!__

Новото име кое почна да ги полни новинските рубрики во италијанските медиуми е 20-годишниот Алесандро Романо, играч од средниот ред на Каљари и новопечен репрезентативец на Италија.

Овој дечко е роден во Винтертур, Швајцарија, играл за младите селекции на Швајцарија, но по доаѓањето во Рома пред четири години, доби и италијански пасош, а сега и повик за репрезентацијата на Италија.

Романо летово ја напушти Рома и замина во Каљари на едногодишна позајмица со можност за откуп на договорот во износ од 6.500.000 евра.

Сепак, овој дечко одлично стартуваше во Каљари, постигна гол на дебито, а по повикот во националниот тим, сега и многу други клубови се интересираат за него.

Изгледа дека најзаинтересиран е Милан кој по „изречно барање на тренерот Аморим“ испрати скаути на утрешниот натпревар меѓу Италија и Белгија на римскиот „Олимпико“, за да го видат младиот Романо на дело, иако е големо прашање колку минутажа ќе имаат Сандро Тонали и Николо Барела.

„Калчомеркато“ пишува дека освен Милан, интерес за Романо искажале и Јувентус, и Интер, како и неколку клубови од шпанската Ла Лига, а предвидувањата се дека неговата вредност може да порасне до 25 милиони, па и повеќе до наредното лето, доколку продолжи со добрите партии и дополнителниот напредок во играта. На „Трансфермаркт“ неговата вредност веќе се проценува на 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аит-Нури нема трпение да го „чека“ Мареска, Јувентус нуди решение?!

Јувентус сака да го донесе алжирскиот лев бек Ајт-Нури (25) во своите редови и веќе направ…