Дома Фудбал Aрсими без милост во купот, даде 12 гола!

Aрсими без милост во купот, даде 12 гола!

Фудбалерите на Арсими без никакви проблеми ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија. Прволигашот на гостувањето кај третолигашот Могила славеше со убедливи 12-0.

Разликата во квалитет беше очигледна од самиот почеток, а Арсими уште во првото полувреме постигна четири погодоци и практично го реши прашањето околу победникот.

Гостите, сепак, не застанаа по паузата. Напротив, продолжија со силен ритам и во вториот дел постигнаа уште осум гола за убедлив триумф и еден од највисоките резултати во оваа фаза од натпреварувањето.

Претходно пласман во осминафиналето обезбедија Вардар, Башкими, Пелистер, Брера, Македонија Ѓорче Петров, Каменица Саса, Брегалница, Скопје, Шкендија Арачиново, Новаци, Беласица и Струга. Како бранител на трофејот, Силекс беше ослободен од настап во првата рунда.

Остануваат уште две средби за да се комплетира составот на осминафиналистите. На 6 октомври Крос Спорт Битола ќе игра против Тиквеш, додека на 14 октомври ќе се сретнат Вардар Неготино и Работнички.

По одигрувањето на овие два натпревари ќе бидат познати сите учесници во осминафиналето на Купот на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВМФЛ: Охрид преку Детонит до врвот, триумф и за Работнички

Работнички и Охрид ја оправдаа фаворитската улога и запишаа победи во двата одложени натпр…