Дома Фудбал Промени на клупата во Торино, пристигна поранешниот тренер на Милан

Промени на клупата во Торино, пристигна поранешниот тренер на Милан

Торино денеска соопшти дека нов тренер на екипата е 53-годишниот италијански стручњак Марко Џампаоло.

Поранешниот тренер на Милан потпиша двегодишен договор со „Биковите“ каде доаѓа со уште неколку соработници.

Џампаоло, покрај Милан, во текот на тренерската кариера предводеше бројни италијански клубови, а добри резултати оствари со Сампдорија каде работеше три години.

Тој на клупата на Торино го наследи Морено Лонго.

„Биковите“ претходната сезона ја завршија на 16. место со 40 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…