Дома Фудбал ВМФЛ: Охрид преку Детонит до врвот, триумф и за Работнички

ВМФЛ: Охрид преку Детонит до врвот, триумф и за Работнички

Работнички и Охрид ја оправдаа фаворитската улога и запишаа победи во двата одложени натпревари од второто коло во Втората македонска фудбалска лига.

Работнички потешко од очекуваното стигна до трите бода на гостувањето кај Тетекс. Тимот од Дебар Маало, кој има амбиции за враќање во елитата, славеше минимално со 1-0 и ја запиша четвртата победа во петтиот натпревар сезонава.

Одлуката падна во финишот на првото полувреме, кога гостите го постигнаа единствениот гол на натпреварот. Во продолжението Тетекс не успеа да се врати во мечот, па Работнички ја сочува предноста до самиот крај.

До победа на гостински терен стигна и Охрид, кој со 2-0 го совлада Детонит. Охриѓани во првото полувреме не успеаја да ја затресат мрежата, но затоа во вториот дел двапати погодија за заслужен триумф.

Со новите три бода, Охрид се искачи на врвот на табелата и сега има бод повеќе од Пелистер, кој минатото коло го совлада токму охридскиот состав во дербито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрсими без милост во купот, даде 12 гола!

Фудбалерите на Арсими без никакви проблеми ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа во…