Дома Фудбал Германци ќе ѝ судат на Македонија против Швајцарија!

Германци ќе ѝ судат на Македонија против Швајцарија!

Познати се арбитрите кои се делегирани за првиот натпревар од годинешното издание во Лигата на нации во кој репрезентацијата на Македонија в сабота се среќава со Швајцарија.

Главен судија е Германецот, Даниел Шлагер, а ќе му помагаат Свен Новицки и Тобијас Фрич. За четврти судија е делегиран Робин Браун, а во ВАР собата ќе се бидат Бенјамин Бранд и Бенјамин Кортус.

За германскиот арбитар кој знакот на ФИФА го носи од 2022 година ова ќе биде вкупно 303 натпревар во кариерата, а само втор во Лигата на нации и тоа во претходното издание кога на 17 ноември 2024 година ја делел правдата на мечот меѓу Македонија и Фарски Острови во кој забележавме победа со 1:0, а стрелец на голот беше Бојан Миовски.

Шлагер во просек покажува по 4,31 жолт картон, а на натпреварот на Арената Тодор Проески шестмина фудбалери добија опомени и тоа Никола Серафимов, Езгијан Алиоски, Енис Барди, Исник Алими, Милан Ристовски и Петур Кнудсен.

Германскиот арбитар бил делегиран и два натпревари во квалификациите за Европското првенство додека во клупските натпреварувања во организација на УЕФА судел на 16 меча од кои 13 во Конференциска и три во Лига Европа.

Во Бундес лигата Шлагер судел на 106 натпревари додека во Купот на Германија бил делегиран на 17 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Франција удри по Мбапе: Купува гласови за „Златната топка“

Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен, предизвика бура во ј…