Фудбалерите на Барселона наредниот викенд во Ла Лига пред своите навивачи играат против Бетис во рамките од второто коло.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот шампион на Шпанија не ја отвори најдобро сезоната бидејќи во првото коло Каталонците запишаа пораз од Атлетик Билбао 1:0. Барса на тој натпревар беше и ослабена бидејќи Лионел Меси не играше поради повреда.
Аргентинецот веќе некое време е надвор од терените поради повреда на листот и се уште е под знак прашалник за натпреварот со Бетис. Но, Меси вчера се појави на тренингот на Барса и тренираше со остатоткот од тимот.
Таа објава на Барселона ја искористи Бетис за да испрати шеговита порака:
„Немој да брзаш Лео. Нема потреба да го форсираш враќањето на терен“, порачаа од Бетис.
Во последниот натпревар против Бетис Меси постигна хет-трик.
No tengas prisa, Leo ?✋ No hace falta que fuerces ? https://t.co/bQyEFwyZLY
— Real Betis Balompié (@RealBetis) August 21, 2019