Манчестер Сити жестоко ја стартуваше новата сезона.
„Граѓаните“ како гости во Лондон го прегазија Вест Хем со 0:5, а после натпреварот свое мислење за натпреварот даде тренерот Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тежок гостински натпревар, температурата беше висока. Првото полувреме не беше добро. Немавме добра контрола и лесно губевме топки. На крајот многу важни три бода и неверојатен резултат за почеток. Второто полувреме беше многу подобро, но има работи кои треба да ги поправиме“, истакна Гвардиола
На крајот заклучи.
„Резултатот од 5:0 е неверојатен на почетокот од сезоната. Сепак, мораме да погледнеме што не беше добро денес“.
Имаше што да каже и за ВАР.
„Морате да бидете ментално силни кога ВАР нема да донесе одлука на ваша страна. На 0:3 натпреварот е завршен, но на 0:2 е поинаку. Морате да бидете смирени и силни“, порача Пеп.