Дома Фудбал Останато Гвардиола добива договор тежок 100 милиони!

Гвардиола добива договор тежок 100 милиони!

Пеп Гвардиола потврди дека следната сезона сигурно ќе остане во Сити, но во клубот се плашат дека во 2020. година би можел да заврши во Јувентус.

Поради тоа, иако има договор на уште две сезони, клубот сака да го обезбеди, иако би можел да остане без учество во Лигата на Шампионите, ова или следното лето. Имено, на Гвардиола ќе му биде понуден нов договор, за пет години би требало да добие 100 милиони фунти, односно неговата плата би пораснала од сегашните 15 на 20 милиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа би значело дека ќе потпише договор со што ќе остане подолго од колку што остана во Барса или Баерн, а самиот Пеп не ја коментираше понудата.

„Јас тука ќе бидам оценет на основа на успехот во Лигата на Шампионите, тоа е нешто специјално, имав среќа во Барселона, знам какво е тоа чувство. Англиската доминација без европски успех не значи ништо. Сакаме да ја освоиме Европа, но таму конкуренцијата е многу посилна, ривалите се страшни, натпреварувањето е тешко. Сепак, ќе направиме се“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Њујорк! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во Њујорк. Инци…