Најперспективниот млад играч на денешницата, Килијан Мбапе е жртва на новиот „скандал“ во Париз. На графитите кои се појавија на многубројни метро-станици се најде и неговиот лик.
Се претпоставува дека ужасните пораки се испишани од расистички групи чии број се зголемува од ден на ден. Мбапе е нарекуван со погрдни имиња поради бојата на кожата, а поред неговиот лик се испишани и симболи кои ги користат екстремистичките групи во Франција.
Extremely abusive graffiti aimed towards Kylian Mbappe has been found in France. pic.twitter.com/sotfqkwLbn
— ESPN UK (@ESPNUK) February 14, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Случајот е пријавен на надлежните органи, а поради ова се огласи и антирасистичката организација.
„Нападот на Килијан Мбапе или на било кој индивидуален го нарушуваат угледот на Франција. Тоа не смееме да го трпиме. Мбапе е симбол на една поинаква Франција, а тоа некој очигледно не можат да го гледаат, Овие графити не се напад на Мбапе туку напад на државата“, се вели во соопштението.
Anti-racism groups are calling for French authorities to investigate racist and anti-Semitic graffiti targeting @PSG_inside striker Kylian Mbappe.https://t.co/gMox6TXO8k
— ESPN Australia & NZ (@ESPNAusNZ) February 14, 2019