Дома Фудбал Италија Одредени термините за натпреварите од Купот на Италија

Одредени термините за натпреварите од Купот на Италија

Стигна официјална потврда за одигрувањето на првите полуфинални натпревари во Купот на Италија.

Полуфиналните парови (Лацио – Милан и Фиорентина – Аталанта) ќе се играат 26-ти и 27-ми февруари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио и Милан ќе го играат првото полуфинале во вторник 26-ти февруари, овој натпревар се игра во терминот од 21:00 часот.

Фиорентина во истиот термин еден ден подоцна ќе ја пречека Аталанта. Реваншите би требало да се играат во април, додека точниот датум дополнително ќе биде утврден.

Поради полуфиналето од купот, натпреварот на Милан во Серија А против Емполи е поместен за 23-ти февруари (18:00) часот. Првобитно требаше да се игра еден ден подоцна.

Новиот термин за натпреварот помеѓу Лацио и Удинезе од Серија А ќе биде дополнително одреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…