
Контроверзите од мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид продолжуваат и по завршувањето на натпреварот, а во центарот на вниманието повторно е главниот судија Мигел Анхел Ортиз Аријас.
Според информациите од шпанските медиуми, арбитерот би можел да биде изоставен од делегирањето за следните две кола во Ла Лига.
Причината е неговото судење на дуелот на „Метрополитано“, каде што беа регистрирани неколку ситуации кои предизвикаа големи реакции. Засега, сепак, нема официјално соопштение дека е донесена конечна одлука за суспензија.