
Конфликтот помеѓу Реал Мадрид и челниците на Ла Лига Хавиер Тебас доби ново поглавје. Никој во Шпанија не се ни надеваше дека големото мадридско дерби ќе предизвика вистинска војна во тамошниот фудбал.
Атлетико победи со 2:1, но од Реал беа незадоволни од судењето и сметаат дека биле жестоко оштетени.
Тренерот на Реал, Жозе Мурињо, отиде чекор понатаму и на прес-конференцијата донесе фотографии како доказ за судиската кражба, а веднаш потоа во Шпанија сè ескалираше.
Следеа соопштенија, обвиненија, па и оправдувања, и се чини дека приказната нема да заврши. Реал обвини и претседателот на Ла Лига и побара промена на челото на оваа организација.
Сепак, Хавиер Тебас не чекаше долго за одговор. Претседателот на Ла Лига порача дека се согласува само со една работа од соопштението на Реал, а тоа е дека претседателот на Ла Лига не е сопственик на натпреварувањето. Но, како што додаде, ниту претседателот на Реал Мадрид не е.
Тебас посебно ги отфрли тврдењата дека неговата задача е да биде неутрален во смисла на молк за сè што доаѓа од Мадрид. Неговата порака е дека независноста значи носење одлуки без притисок и исти правила за сите клубови.